Се гаси PayPal Хрватска

48

Една од најпознатите компании која овозможува плаќање по пат на интернет, PayPal, кон крајот на овој месец ќе ги затвори канцелариите во Хрватска. Во PayPal наведуваат дека укинуваат 120 работни места надвор од САД, меѓу кои и во Хрватска, во локалното претставништво Where.

По одлуката да се затвори претставништвото во Хрватска, на дел од вработените, особено оние што работат на развој на производи и за eBay, им било понудено да се преселат во Бостон и да ја задржат работата. Како што пишува Пословни дневник, повеќето не ја прифатиле оваа понуда.

“PayPal, односно eBay од Хрватска не заминува поради трошоците на работењето, туку поради безбедносни и други стандарди во работењето”, објаснува Бруно Батарело, главен оперативец на компанијата Where во Хрватска.

Во првата година од работењето, оваа компанија во Хрватска оствари промет од еден милион долари и вработува 17 програмери.