Часовници на Apple прикажани на париската модна недела

45

30-apple-watch-collette.w529.h352.2x

Во луксузниот бутик Colette, лоциран близу Лувр во Париз, беа прикажани новите часовници на Apple како дел од париската модна недела.

Apple-Watch-on-display-in-Paris-600x400 (1)

На самиот настан присуствуваа познати имиња од светот на модата како дизајнерот Карл Лагерфелд и уредничката на списанието Vogue Ана Винтор. Часовниците беа презентирани од страна на Џони Ајв, главниот дизајнер во Apple и Марк Њусон, познат дизајнер, кој компанијата го најми за проектот.

apple-watch-colette-display-case

Иако на посетителите не им беше дозволено да ги допрат паметните часовници, на оваа еднодневна изложба истите беа за прв пат прикажани на пошироката публика.

Бутикот целосно отстапи еден свој излог со цел луксузните часовници да бидат прикажани на начин кој што е во склад со нивното функционирање, односно нивниот оперативен систем.

Apple-Watch-pop-up-600x337

Се уште не се знае дали часовниците на Apple ќе можат да се продаваат во бутикот Colette, иако идејата им звучеше прилично примамлива на претставниците од компанијата.