10 фрази што градат мостови меѓу луѓето

174

most

Фото: Pexels

Покрај пари, вработените во една компанија сакаат да имаат право на глас. Тоа би ги натерало да се чувствуваат посебни – се започнува со комуникацијата, коментираат експерти за бизнис комуникација. Тонот и јазикот на телото испраќаат пораки. Но, важни се и зборовите и нивното значење. Во светот на бизнисот, вистинските зборови во вистинскиот момент можат да изградат мостови помеѓу луѓето.

Форбс нуди 10 фрази кои ќе ви помогнат да допрете до скриените желби на вашите колеги и/или вработени. Користете ги во секојдневниот живот на работното место и ќе постигнете напредок во односите со нив:

Ти благодарам

Запомнете ги советите на мајка ви. Кажувајте “благодарам” и “молам”. Без разлика дали сте на јавно место или станува збор за личен разговор, искреното “благодарам” секогаш ќе ви создаде добра репутација.

Не знам

Никој не знае се. И тоа понекогаш плаши. Така ќе зборувате храбро за стравовите. Освен што ќе покажете дека сте еднакви со останатите (без оглед на тоа дали сте им раководител), да бидете исправени заедно пред неизвесното зближува повеќе од се друго.

Раскажи ми повеќе

Тоа ќе покаже дека сте отворени за дијалог. Можете да бидете сигурни дека соговорникот ќе биде поласкан.

Можам ли да помогнам со нешто друго?

Потребна е храброст да зборуваш за своите проблеми. Секогаш постои ризикот од одбивање или дури од потсмев. Затоа покажете дополнително внимание кон луѓето кои се престрашиле и го направиле овој чекор. Исто така, не плашете се и вие да замолите некого за помош. Луѓето сакаат да подадат рака. И знајте дека другите повеќе ќе ви веруваат ако можат да се идентификуваат со вас.

Задоволството е мое

Ова покажува дека вие сте тука да им помагате на другите. И среќен сте што го правите тоа.

Чекај да размислам…

Прво ќе добиете на време да одговорите. Со тоа навестувате дека вие сте со либерално размислување и дека прашањето или барањето заслужуваат внимание.

Добра работа

Се разбира, тоа е клише, но понекогаш само “благодарам” не е доволно. Луѓето би биле задоволни доколку го чујат ова, затоа што вложуваат многу труд и енергија во својата работа.

Ние те поддржуваме

Сите правиме грешки. Во такви случаи кај вработените автоматски се појавува прашањето “Отпуштен ли сум?” Тука е потребно да интервенирате: “Не ви судиме. Ќе смислиме нешто заедно. Се ќе биде во ред”.

Во право си

Ако сакате да го привлечете вниманието на некого, тоа е вистинскиот начин. Така ќе го натерате соговорникот да го согледа фактот дека не секогаш вистинскиот план може да ги надмине апсурдни ограничувања со кои се соочувате секојдневно.

Разбирам

Луѓето имаат вродена желба да бидат разбрани. И секогаш ги бараат оние кои ја задоволуваат оваа желба. Понекогаш да му помогнеш на некого не значи да му предложиш нешто. Честопати можете да помогнете само со тоа што ќе бидете присутни, да му обрнете внимание на оној којшто има потреба да каже нешто.