Петте најмоќни економски империи во историјата

118

462064875-e1412464999239

Низ историјата на човештвото се развивале различни цивилизации кои имале поголеми предности во однос на останатите. Магазинот Fortune направи анализа на петте најдоминантни економски империи во светот.

Економскиот историчар, Јан Морис, вели дека силата и моќта на цивилизациите произлегува од тоа на кое ниво ја достигнале таканаречената земјоделска револуција.

Римско царство, 25% до 30% од светското производство

Рим е далечен предок на првата земјоделска револуција, што започнала на местото на денешен Ирак. Рим од мала република за кратко време се наметна како најголемо економско царство што ќе доминира со векови. Римското Царство својот статус го потврди и во повеќе војни, по што целосно завладеа со Медитеранот, што во голема мера му ја олеснува трговијата, а финансискиот систем што го разви ова царство е еден од најсофистицираните во историјата.

Кинеска династија Сонг: 25% до 30% од светското производство

Пред кинеската цивилизација да ги искористи сите благодети на земјоделското општество, со Кина од 960 до 1279 година владеела Династијата Сонг, која ја создаде една од најголемите и најмоќни цивилизации во историјата. Според некои економски историчари, Кина, а не Велика Британија, е првата земја што ја искуси индустриската револуција. Тие тврдења се поткрепени на истражувања на кинески и јапонски научници кои покажуваат дека Кина забележала раст на БДП во исто време со растот на бројот на жители, нешто што во Европа не се случило и по стотина години.

Могулско Царство во Индија: 25% од светското производство

Индиската цивилизација е една од најстарите во светот и многу царства се издигнувале и пропаѓале на тоа подрачје во текот на историјата. Економски најуспешно било Могулското Царство кое траело од 16-от век до воспоставување на британска Индија. Производството во тој период достигна бројки што биле забележани во Велика Британија и Франција во тој период. Владејачката класа во Индија во тој период водела екстравагантен начин на живот кој го надминувал европскиот животен стил, но за несреќа, на сметка на експлоатацијата на локалното население.

Британско Царство: 21% од светското производство

На историчарите им било многу тешко да го востановат бруто домашниот производ. Сето тоа се променило со воспоставување на Британското Царство, кога даночните и други бројни податоци на историчарите им ја олеснуваат работата. Британското Царство е прво Царство што доминира со светската економија без да доминира на еднаков процент на население. Британската предност произлегува од големото значење на индустриската револуција, како и на колонијалните посеви. На врвот на Британското Царство дури 6% од вкупното производство доаѓало од колониите.

САД околу 50-тите години: 50% од светското производство

До крајот на Втората светска војна, САД, според некои проценки, биле одговорни за 50% од светското производство. Но, таквата статистика би можела да доведе до погрешни заклучоци. Не е точно дека Америка била двојно поуспешна од останатите земји на оваа листа. САД во оваа доминација не уживаше многу долго, поради фактот дека поголемиот дел од светските економии беа опустошени во текот на Втората светска војна. Америка кон крајот на 19-от век прерасна во најголема светска економија, благодарение на големата популација, природните ресурси и претприемачкиот дух. Но, во поствоениот период моќта на САД полека се намалува, не поради тоа што растот не е доволно брз, туку затоа што остатокот од светот се доближува.