Редок розов дијамант со беспрекорна избработка е продаден за рекордни 17,7 милиони долари во Хонг Конг, информираше аукциската куќа Sotheby’s.
Според аукциската куќа 8,41 каратниот дијамант, со изразена розова боја, се очекувало да достигне цена до 15,5 милиони долари, со што ги надмина очекувањата.
Квек Чин Јоу, заменик претседател на Sotheby’s Asia, рече дека крушовидниот скапоцен камен привлекол многу купувачи пред да биде продаден за неверојатна цена од 17,7 милиони долари, поставувајќи нов светски рекорд за продаден розов дијамант.
Идентитетот на купувачот не беше веднаш откриен.