“Дворецот на духови“ во Војводина се издава на половина век

111

dvorec vojvodina

“Дворецот на духови“ во општина Беочин во Војводина се издава на закуп на половина век со цел да се ревитализира и повторно да функционира. Овој дворец не е во употреба од 1988 година, а во 1997 година е прогласен за Споменик на културата, пренесуваат српските медиуми.

Станува збор за еден од најубавите дворци во Војводина, што е поранешен дом на богатото семејство на Едо Шпицер, еден од сопствениците на “Беочинска цеменара“, изграден уште во 1890 година. Оваа градба, што ги има сите градежни правци, се наоѓа во многу лоша состојба.

dvorec voj

Околното население овој дворец го нарекува “куќа на бувови и лилјаци“, а своевремено бил библиотека, дом на култура, а од него се огласи и првото радио во Беочин. До крајот на минатиот век беше ексклузивен ресторан и мотел, каде што престојувале ловџии од странство.

Овој атрактивен дворец привлекуваше и многу филмски режисери и продуценти, па таму свои филмови снимале Клинт Иствуд и Емир Кустурица.

dvorec 1

За овој дворец бил заинтересиран бизнисменот од Германија, Клаус Вајс. Тој под закуп има десетина дворци низ Германија и Австрија, кои ги трансформираше во луксузни ресторани со апартмани за богати клиенти. Тој имал планови и со овој дворец, бидејќи потпишал документ со намери со општина Беочин, но се разболел и целата идеја пропаднала.

Се проценува дека за санација на дворецот се потребни повеќе од 8.000 евра.

dvorec