Потрошувачки кредити имаат околу 63% жители на Бугарија

18

evra

Околу 63% од жителите на Бугарија имаат потрошувачки кредит, а половина од нив се подготвени да подигнат и втор кредит, пишува 24 часа.

Просечната месечна исплата се движи во интервалот меѓу 75 – 100 евра. Кредитите најчесто се земаат за реновирање и опремување на домот (24%), потоа за покривање на тековни трошоци, купување на имот без хипотека или купување на автомобил.

Првиот кредит обично е во износ до 12.000 евра, а вториот во износ од 1.500 евра.