Милијардеот и голем љубител на коњи, Бил Гејтс се “почести” со нов ранч, за кој плати “само” 18 милинони долари, пренесува Wall Street Journal.
Имотот кој се протега на површина од 228 акри, е сместен во Ранчо Санта Фе, Калифорнија.
Ранчот, познат по името Ранчо Пасеана, се наоѓа на 20 минути северно со градот Сан Диего.
Новиот имот на шефот на Микрософт вклучува тркачка патека, гостинска куќа и канцеларија, насади со маслинки, пет штали и апартман за ветеринар.
Ќерката на Гејтс, Џенифер е страствен јавач на коњи.