Nestlé на врвот на листата на глобални компании кои ги намалиле емисиите на јаглерод

52

Со своите напори да ги намали емисиите на јаглерод во своите фабрики, компанијата Nestlé го достигна самиот врв на листата на глобални компании кои вложуваат во овој процес.

Независната непрофитна организација Carbon Disclosure Project (Проект за објавување на емисиите на јаглерод) ја објавиле годишната листа направена врз основа на податоци кои ги добиле од 500 глобални компании.

Компаниите биле оценувани на основа на низа критериуми, како што се мерките кои компаниите ги преземаат да ги вклучат климатските промени во своите бизнис планови, механизмите со кои се врши надзорот на емисиите, нивната транспарентност, како и акциите кои компаниите ги преземаат за намалување на влијанието на емисиите.

„Намалување на влијанието на климатските промени останува наш клучен приоритет. Од 2001 година, ние ги преполовивме емисиите на гасови по тони производи од нашите фабрики. Посветени сме на натамошното намалување на емисиите на гасови, така што ја зголемуваме енергетската ефикасност, преминавме на почисти горива и инвестираме во обновливи извори на енергја“, изјави Хозе Лопез (José Lopez), извршен потпретседател и главен оперативец на компанијата Nestlé.