IBM: За пет години ќе имаме компјутери со човечки сетила

51

IBM (International Business Machines Corporation), тврди дека уредите на иднината ќе ни овозможат виртуелно да ја почувствуваме облеката пред да ја купиме, ќе ни возвраќаат на нашите мисли и ќе имаат развиени сетила за мирис, вкус, вид, слух и допир исто како и луѓето.

Според IBM преку паметните телефони, таблетите, лаптоп или десктоп компјутерите ќе можеме да почуствуваме допир, вид, вкус, мирис или звук, односно компјутерите подобро ќе ги разбираат сетилата. Сето ова се планира да биде овозможено до крајот на 2017 година.

“Доколку купувате ткаенина со одредена текстура, ќе можете да поминете со раката преку екранот и ќе почувствувате како ја допирате токму таа ткаенина. Тоа не е невозможно, како што сега изгледа”, вели Берни Мејерсон, потпретседател на одделението за иновации во IBM.

Компјутерите ќе можат да го препознаат плачењето на бебето така што родителите ќе знаат зошто бебето плаче и што му е потребно. Покрај ова, со поставување на звучни сензори во почвата, компјутерите ќе можат да “наслушнат“ дали некаде се подготвува поплава или лизгање на земјиштеto.

Исто така тие ќе можат да стекнат знаење за нашите вкусови додека набљудуваат што јадеме. На пример, компјутерот би можел побрзо од човекот да го почувствува мирисот на  амонијак што го ослободува расипаната храна, и навреме да објави предупредување за состојбата на храната во фрижидерот.

Од IMB најавуваат дека во иднина ќе имаме машини со развиен осет за вид- еден пиксел ќе вреди милиони зборови. Преку ваквите системи компјутерите ќе можат да го идентификуваат било кој лик меѓу илијадници други лица.