Течно злато за потполно уживање

79

Кој вели дека златото не може да се преточи во убав, скап, вкусен, елегантен пијалок создаден за поптполно уживање.

Lussory

gold_wine_lussory_24_karatПенливото вино Lussory беше лансирано на пазарот минатиот месец во Дубаи. Додека го пиете овој скап пијалок ќе наидете на мали парченца од 24 каратен златен лист, кои слободно можете да ги изедете.

Goldschläger Cognac

goldschlager_cognac_gold_leafОвој коњак е со потпис на Global Brands, компанија со седиште во Велика Британија. Неговите уживачи го опишуваат како жежок пијалок, со совршен вкус на цимет. Тој исто така е зачинет со 24 каратни златни парченца кои му даваат уште побогат изглед на коњакот.

Jungfrau Gold Edition

jungfrau_gold_editionЛикерот кој е следен на листата е исто од производителот Global Brands. Jungfrau Gold Edition е ликер од билки и е дел од веќе добро пласираната Jungfrau Krauter Likor колекција.

Gold Flakes Supreme

vodka_gold_flakes_supreme
Со цел уште повеќе да ја подобри веќе кристално чистата изворска вода која се користи за правењето на оваа скапа вотка, истата е дестилирана четири пати. Да не ги заборавме и 24 каратните златни парчиња додадени во шишето кое наликува на огромен парфем.

Gold Cuvee Original

gold_cuvee_originalДостапно во 200ml, 750ml и пакување од 1,5 литар Gold Spirits Magnum е суво вино кое содржи 12,5% алкохол. Направено од сортата на бело грозје пино и збогатено со 22 каратни златни снегулки.

Pink Vodka Gold

pink_vodka_gold
Оваа слатка вотка има уникатно шише во форма на висока потпетица. Нејзиниот вкус е совршена мешавина од црвен портокал, ликер и 22 каратни златни снегулки кои можат да се јадат.

Royal Dragon Imperial

Royal-Dragon-Vodka-Imperial-Edition-in-box2
Оваа вотка е специфична по тоа што е дестилирана пет пати а потоа преточена во рачно изработено шише на кое има изгравирано мотив со змеј.