Познатиот американски бренд за зимска облека и опрема The North Face и јужнокорејската агенција Innored решија да ги изненадат купувачите во една од продавниците на брендот.
Тие смислија трик каде подот во продавницата одеднаш исчезнува, оставајќи ги младите купувачи да се снаоѓаат кој како знае и умее.
Изненадени почнуваат да се качуваат по ѕидот кој е наменет токму за тоа. Така чекајќи што ќе следува понатаму, часовник почнува да отчукува, давајќи им само 30 секунди за да го завршат предизвикот.
Кампањата зад овој трик е наречена”Never Stop Exploring”, или Никогаш не престанувај да истражуваш.