Во Турција изградени само 16 од планираните 64 трговски центри

45

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Само 16 од 64 планирани трговски центри за изградба во Турција оваа година се завршени досега, поради одложување или откажување на инвестициите, покажува извештајот од овој сектор, пишува Хуријет.

“До крајот на септември 2014 беше планирано да се завршат 64 нови трговски центри, но до сега комплетно се завршени само 16. Останатите проекти не се реализирани поради откажување или одложување на планираните инвестиции”, стои во анализата објавена од Eva Real Estate Assessment и Akademetre Research.

Во Турција на крајот на септември имало 342 трговски центри, од кои 112 се во Истанбул.