Дијаманти, злато, платина, бисери и паунови перја… погледнете ги најдобрите и најскапите венчаници досега направени.
Imperial Pearl Syndicate, цена: 100.000 долари
Дизајниран во 50-тите години на минатиот век, на овој невестински фустан тежок 12 килограми работеле осум дизајнери цели два месеци. Изработен е од свила и сатен и украсен со 100.000 бисери.
‘Bach Ngoc Xiem Y’, цена: 117.000 долари
Овој невестински фустан, креиран од виетнамски дизајнери, е обложен со 222 дијаманти и 100 рубини. Направена од свила и сатен, венчаницата моментално е изложена во шопинг центарот Ruby Plaza во Ханои.
9.999 Carat Gems, цена: 158.000 долари
Украсен со 9.999 карати скапоцени камења (околу 2 килограми), оваа светкава венчаница е краирана во Хонг Конг, Кина. Скапиот фустан беше за прв пат изложен во 2007 година во продавница за накит во провинцијата Џијанџи.
Венчаница од платина, цена: 250.000 долари
Уште една кинеска креација, но овојпат од платина. Уникатната венчаница, која е изложена во провинцијата Анхуи, плени со својата светло црвена боја и сребрениот сјај од платината.
Mauro Adami цена: 400.300 долари
Прекрасно дело на италијанскиот дизајнер Мауро Адами, дел од неговата Domo Adami колекција од 2008 година. Венчаницата е направена од 40 метри вешто изработена ткаенина од платина и свила, декорирана со цветен вез, кој придонесува за нејзината женственост и нежност.
Венчаницата на Кејт Мидлтон, цена: 416.700 долари
Венчаницата на принцезата Кејт важи за една од најубавите венчаници некогаш направени. Дизајнирана од Сара Бартон, ремек делото е изработено од слонова коска и четири уникатни типови на чипка кои ги претставуваат четирите дела на Велика Британија.
Danasha Luxury Gown, цена: 1,5 милиони долари
Оваа преубава венчаница беше прикажана на Интернационалната модна недела во Мајами во 2010 година. Високата цена се должи на тоа што истата е обложена со 250 грама 18 каратно злато и 75 каратни првокласни дијаманти. Луксузниот фустан е во целост рачна изработка.
Венчаница од паунови перја, цена 1,5 милиони долари
Најекстравагантната венчаница од сите на оваа листа е токму ова дело на единствената Вера Ванг. За нејзината изработка биле искористени 2.009 паунови перја. Процесот траел два месеца, а на фустанот работеле осум кројачи.
White Gold Diamond, цена: 8,5 милиони долари
Познатиот јапонски дизајнер Јуми Кацура дизајнираше венчаница вредна неверојатни 8,5 милиони долари. Светкавата венчаница е украсена со 1.000 бисери, редок 5 каратен дијамант со бело злато 8,8 каратен смарагд, како и со деликатен зари вез во свилата.
Венчаницата од дијаманти, цена 12 милиони долари
Најскапата венчаница на светот е дело на Мартин Кац и Рене Штраус, а беше дизајнирана за прославата на шоуто за венчаници кое се одржа во хотелот Ritz-Carlton, во 2006 година. Овој неверојатен фустан го красат 150 каратни дијаманти кои се вешто нанижани низ целата венчаница.