Хрватска оди чекор напред во популаризирање на возењето велосипеди, па ЗЕТ (Загрепски електрични трамваи) им понуди нова услуга на патниците – бесплатен превоз на велосипеди на носачи поставени на задната страна на градските автобуси, пишува Вечерњи лист.
Како што стои на официјалната интернет страна на ЗЕТ, се работи за пилот проект, со кој со посебни држачи засега се опремени четири автобуси.
Фото: Марко Лукуниќ