Една од најголемите европска фабрики за баклава New Bakery денеска отвора производствен погон во Велика Горица, во близината на Загреб. New Bakery е британска инвестиција во Хрватска, а фабриката се простира на преку 1.000 метри квадратни, пишува Пословни дневник.
Инвестицијата е во висина од половина милион евра и ќе бидат вработени 12 луѓе. Своите производи New Bakery ќе ги пласира првенствено на пазарот на западна Европа.