Станувањето рано наутро, особено со аларм на мобилниот телефон за многумина е вистински кошмар. Копчето snooze е најчестиот “пријател“ за оние кои сакаат да поспијат барем уште пет минути.
Апликацијата iCukoo ги спојува корисното и хуманото, па така на корисниците им овозможува да донираат пари кога ќе го притиснат копчето snooze. iCukoo им дава можност на спанковците да донираат во пет фондации и хуманитарни организации во Велика Британија, пишува Huffington Post.
Начинот на кој што функционира апликацијата е следен: се поставува алармот, се утврдува хуманитарната организација каде што корисникот сака да донира и може слободно да се препушти на слаткиот сон. Апликацијата мери колку пати е притиснато копчето snooze и на корисникот му испраќа порака со прашање дали сака да донира со секое продолжување на алармот.