Pavlok – Нараквица против лоши навики

46

pavlok-band

Американска старт – ап компанија разви нараквица што преку електрошокови им помага на луѓето да ги остават лошите навики што ги имаат и да станат “личности какви што од секогаш сакале да бидат“.

Нараквицата под името Pavlok, има вградено Bluetooh што е поврзан со апликација за паметни телефони, која, на пример, знае дали корисникот пристигнал на време на своето работно место.

pavloknarakvica

Зад оваа иновација стои компанија од Бостон, а името го добила според рускиот психолог, Иван Павлов, пионер во бихевиоризмот, кој на истражување со кучиња го утврдил процесот на кондиционирано однесување – Павлов рефлекс.

Корисникот треба само да ја избере лошата навика од која сака да се ослободи, како и видот на казна што ќе ја добива од нараквицата, која може да варира од обична лесна вибрација или звучно предупредување до парична казна или благ струен удар со интензитет до 300 волти.

Нараквицата може да го спречи корисникот да го користи мобилниот телефон. Од друга страна, доколку корисникот стане доволно рано како што било планирано и не заборави да вежба или да заврши некоја друга обврски, го чека финансиска награда, а нараквицата за постигнатиот успех може да ги извести и неговите пријатели.