Повлечени сите производи на Procter & Gamble во Аргентина

71

procter & gamble

Американскиот производител Procter & Gamble ги отфрли наводите на аргентинските власти за евентуални даночни измами, еден ден откако нејзините локални канцеларии беа затворени од тамошните власти, пишува Associated Press.

“P&G ги плаќа сите даноци што ги должиме во секоја земја низ целиот свет. Нашата компанија сериозно ја презема секоја одговорност и се придржува кон законите што владеат во земјите каде што работиме, со цел да придонесеме за доброто на заедниците во кои живееме и работиме“, стои во соопштението на компанијата.

Даночните власти во Буенос Аирес објавија дека ја одзеле дозволата за работа на американската мултинационална компанија, бидејќи сакаат “да им стават крај на компаниите кои преземаат штетни чекори против даночната политика на нивната земја“.

P&G е познат по големиот број популарни брендови за домаќинството, меѓу кои најпознати се пелените Pampers, Gillette, Always, Head&Shoulders, Ariel…