Лоциран на улицата Бродвеј, во сончевиот Сан Франциско, најскапиот дом во овој град чини 39 милиони долари.
Петкатната куќа која е изградена во 1910 година, реновирана е во 2002, но сепак го има задржано оној стил од почетокот на 20 век.
Зданието располага со седум спални соби, терен за кошарка, неколку соби за дневен престој, пространи бањи, широк двор заграден со грмушки и дрвја, каде може слободно да се одмара далеку од љубопитните очи.
Погледот е неверојатен, особено од терасата на покривот.