Можност за животно осигурување и вложување со Винер Лајф и КД Фондови

55

winner

Винер животно осигурување и КД Фондови потпишаа меморандум за соработка. Целта на оваа соработка е да се понудат комбинирани пакети од осигурителни, штедни и вложувачки производи, што ќе им овозможат на осигурениците поголема понуда и опции при избор на животно осигурување.

“Меморандумот со кој се официјализира нашата претходна соработка ќе овозможи бројни бенефиции за повеќе страни. Приоритетно, излегуваме во пресрет на потребите на граѓаните со создавање на нови погодности за животно осигурување и штедење во вложувачки производи во исто време. Дополнително, со овој чекор се очекува да се поттикне успешен и одржлив развој на небанкарскиот финансиски сектор во Република Македонија“, изјавија од Винер Лајф Виена Иншуренс Груп Скопје.

И двете компании, Друштвото за животно осигурување Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје и Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје, се дел од реномирани финансиски групации што гарантира успешност на соработката и квалитет на производите.

“Со овој меморандум на осигурениците и вложувачите им помагаме при оплодувањето на средствата додека ги користат и бенефитите на животното осигурување. Со помош на знаењето, искуството и традицијата ја правдаме укажаната доверба и градиме долгорочен однос со клиентите и партнерите, со цел обезбедување долгорочно присуство на пазарот“, изјавија од КД Фондови.

Заедничкото меѓународно искуство на двете компании, ги следи најдобрите групациски, европски и светски трендови во областите на осигурувањето и управувањето со средства. Сето тоа ќе ги подигне професионалните стандарди при посредувањето со финансиски производи и овде во Македонија.

Виена Иншуренс Груп (ВИГ) е една од најголемите меѓународни осигурителни групации во Централна и Источна Европа, раководи со околу 50 осигурителни компании во 25 земји и има приближно 23.000 вработени. Групацијата KD Group спаѓа меѓу најголемите бизнис групации во Словенија и се развива во една од поголемите групации на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа, а нејзините основни дејности се во финансиската сфера, односно управувањето со фондови и осигурувањето. Седум години по ред во периодот 2008-2014 година се добитници на признанието Trusted Brand во категоријата Друштва за управување и инвестициски фондови. Признанието го доделува списанието Reader’s digest врз основа на оценките од потрошувачите, согласно критериумите квалитет на производот и лично искуство на клиентот.