Quantum of the Seas, првата паметна јахта во светот, е долга 350 метри, располага со 2.090 соби, каде можат да се сместат 4.905 гости кои за да влезат во своите соби наместо клучеви носат специјални алки на рацете.
Третата по големина јахта во светот нуди ултра луксузни двокатни мансарда апартмани кои имаат свои балкони, дневни соби и приватна услуга. Изградбата на еден ваков апартман чини 210.000 долари, а истите се декорирани со уметнички слики кои вредат милиони.
Quantum of the Seas располага со дури 18 палуби. На петтата и четвртата се наоѓаат елегантни ресторани во стилот на Лас Вегас, барови и разни продавници, каде може да се купи буквално се, од шише пиво до дијаманти.
Покрај симулатор за нуркање и сурфање, јахтата нуди и неколку места за настапи во живо. Гостите можат да се забавуваат и на летачкиот трапез, теренот за кошарка, автомобилите на судар, и на теренот за возење ролери.