Галеника да се приватизира по моделот на Air Serbia

23

galenika

Владата на Србија наскоро би требало да донесе одлука за процесот на приватизација на фармацевтската компанија Галеника, за која, како што велат, постои голем број заинтересирани партнери.

“Галеника е подготвена за приватизација, очекуваме во текот на месецот да добиеме и список на потенцијални партнери кои се пријавија на јавниот повик на Агенцијата за приватизација”, изјави вршителот на должност директор на оваа компанија, Живомир Новаковиќ, пишува Б92.

Владата треба да се определи за модел и потенцијален партнер, кој ќе понуди најдобри услови, а Новаковиќ смета дека најдобро решение за Галеника би било пронаоѓање на стратешки партнер и модел кој е применет на Air Serbia и Нафтена индустрија Србија (НИС).

Според Новаковиќ, за потенцијалниот партнер во процесот на приватизација најголема задача ќе биде да обезбеди капитал за обрт во вредност од околу 30 милиони евра, кои Галеника не може да ги обезбеди сега.