Ворен Бафет го купува Duracell за три милијарди долари

38

Duracell2

Компанијата Berkshire Hathaway на милијардерот Ворен Бафет ќе го купи произведувачот на батерии Duracell од компанијата Procter & Gamble за околу три милијарди долари.

P&G минатиот месец се изјасни дека сака да го издвои Duracell од основната дејност. P&G веќе некое време ја намалува палетата на производи од своето портфолио, за да се фокусира на најпродаваните брендови. Од компанијата велат дека во следните две години бројот на брендови ќе го намалат на 70 до 80.

Американскиот произведувач на стока за широка потрошувачка P&G е познат по големиот број популарни брендови за домаќинството, меѓу кои најпознати се пелените Pampers, Gillette, Always, Head & Shoulders, Ariel…