Toshiba ќе произведува зелена салата без користење природно светло и почва

53

toshiba-salad-package

Јапонскиот технолошки гигант Toshiba неодамна ја претстави “чистата“ фабрика за храна, во која може да се произведат околу три милиони главици салата годишно без користење на природно светло или почва.

Фармата се простира на 2.000 метри квадратни во градот Јокосуки и ќе биде дел од новиот сегмент на работа на компанијата што е поврзан со производство на здрава храна.

toshiba-farm-worker-checks-plant

Салатите се одгледуваат во целосно изолирано окружување во кое се контролира влажноста и температура, а со помош на таблети со сензори се надгледува “здравјето“ на секоја салата. Растенијата се под постојан извор на светлина, што претставува имитација на сончевите зраци, а хранливите материи и витамини се вбризгуваат директно во коренот без да има потреба од земјена подлога.

Целта на Toshiba е да се произведе најквалитетната салата на светот, што не содржи бактерии, а ќе се испорачува во посебни пластични садови што го продолжуваат векот на траење. Според најавите на Toshiba, секоја салата ќе чини околу 1,3 евра и по сите карактеристики ќе биде со ист квалитет како и органски одгледуваниот зеленчук.

toshiba-lettuce-shelves

Ова е само еден од проектите на компанијата за одгледување зеленчук, па во следниот период во план е отворање на вакви фарми на повеќе локации ширум светот.

Toshiba не е единствената јапонска компанија што станува дел од овој бизнис, бидејќи и Fujitsu одгледува салата, а Sharp има плантажи за јагоди во Дубаи.

toshiba-clean-room-small-plant-marker