Студент смисли уред што ги прави предметите и луѓето невидливи

47

nevidliv 1

Џозеф Чои, докторант на Универзитетот Рочестер во САД, откри необичен начин како да им ја исполни желбата на многу луѓе кои сакаат да бидат невидливи.

Освен што успеал да биде чекор понапред од голем број научници и нивните обиди во оваа област, неговиот уред се прави од евтини и достапни материјали. Револуционерното откритие се темели на употреба на четири стандардни леќи кои го прават објектот невидлив и кога набљудувачот ќе се помести и неколку степени подалеку од оптималната позиција за набљудување.

“Досега се развиени голем број високотехнолошки направи и начини како предметите можат да станат невидливи, а кои се темелат на истата идеја – како да се пренасочи светлината и истата да помине преку предметот и на тој начин да се добие впечаток дека предметот не е таму. Но, досега се користени скапи и ретки материјали“, вели професорот по физика, Џон Хауел.

Според него, претходните изуми имале уште еден недостаток. Во моментот кога набљудувачот ќе ја промени точката на гледиштето, предметот станува видлив. Но, изумот на Чои, развиен на Универзитетот Рочестер, го надмина тој недостаток.

“Ова е првиот познат уред што овозможува тродимензионална континуирана повеќенасочна невидливост на предметите, кој работи на пренос на светлината во видливиот спектар“, објаснува Чои.