Неповторливата убавина и бурните афери на најпознатата блондинка на светот, Мерилин Монро, и ден денес никого не оставаат рамнодушен. Родена како Норма Џин Бејкер во 1926 година, филмската икона која секој маж ја посакуваше, се мажеше три пати.
Покрај Џо Димаџио и Артур Милер, друг познат маж во нејзиниот живот беше и Џ.Ф. Кенеди, за кого и најмногу се зборуваше.
Еве неколку лични предмети на убавицата за кои беа одвоени најмногу пари од нејзините обожаватели.
Приборот за шминкање
Продаден за 266.500 долари
Розовиот сатенски фустан од филмот Gentlemen Prefer Blondes
Продаден за 320.000 долари
Црниот коктел фустан
Продаден за 348.000 долари
Тропскиот фустан од филмот There’s No Business Like Show Business
Продаден за 500.000 долари
Фустанот од филмот The River of No Return
Продаден за 510.000 долари
Белото пијано
Продадено за 662.500 долари
Венчалниот прстен Eternity од Џо Димаџио
Продаден за 772.000
Светкавиот фустан во кој ја испеа Happy Birthday Mr. President (за Џ.Ф.Кенеди)
Продаден за 1,27 милиони долари
Црвениот фустан од Gentlemen Prefer Blondes
Продаден за 1,47 милиони долари
Познатиот бел фустан (од фотосесијата од подземната железница)
Продаден за 5,52 милиони долари