Германскиот трговец Metro го продава својот cash-and-carry бизнис во Грција на локалниот ланец Sklavenitis, како дел од стратегијата на групата за фокусирање на главните маркети. Metro ќе продава девет маркети заедно со недвижнините, по цена од 65 милиони евра, јавува Ројтерс.
Купопродажбата треба да биде завршена во првата половина на следната година.
Metro влезе во Грција во 1992 година. Metro е четврт по големи трговец во Европа со 2.200 продажни центри во 31 земја. Неодамна најави дека ќе се повлекува од Виетнам, Данска и дека ќе го продава уделот во британски Booker. Претходно годинава, Metro ги продаде своите супермаркети Real во Турција.
Sklavenitis е еден од најголемите трговски ланци во Грција, со 110 маркети и обрт од 1,2 милијарди евра во 2013 година.