Мобилните телефони ќе се полнат за 30 секунди, а електричните автомобили за неколку минути

59

storedot

Израелската компанија StoreDot развила технологија преку која мобилниот телефон може да се наполни за неколку секунди, а електричниот автомобил за неколку минути, пишува Ројтерс.

StoreDot користи нано технологија за да ги синтетизира вештачките молекули, а со тоа тврди дека развила батерија што делува како “супер сунѓер за впивање и задржување на електричната енергија“.

storedot (1)

Иако моменталниот прототип е премногу голем за да може да се користи за паметните телефони, израелската компанија тврди дека до 2016 година ќе може пред јавноста да ја претстави ултра тенката батерија што ќе може да се користи за паметни телефони, а полнењето би траело само 30 секунди.

“Станува збор за нови материјали, кои никогаш досега не се произведени“, тврди Дорон Маерсдорф, основач и главен и извршен директор на компанијата StoreDot. Еден од инвеститорите е рускиот милијардер и сопственик на фудбалски клуб, Роман Абрамович.

storedot-2

Иновацијата се базира на креирање “нано точки“ кои го менуваат начинот на кој се однесува батеријата и овозможува брза апсорпција и задржување на електричната енергија. Иновацијата доби финансиска поддршка од голем број производители на мобилни уреди.

Прогнозите покажуваат дека бројот на корисници на паметни телефони ќе достигне бројка од 1,75 милијарди оваа година, па StoreDot наидува на огромен пазар, а некои експерти тврдат дека може да застане на лидерската позиција на пазарот.

storedot 3

Маерсдорф смета дека мобилните уреди кои ќе ја користат нивната технологија би можеле да чинат од 100 до 150 долари повеќе од вообичаено, за да може да се користи околу три години, односно околу 1.500 циклуси на полнење.