Дизајнерската компанија од Калифорнија Ideo претстави проект со три модели на автомобили на иднината под името Kodi. Заедничко за трите автомобили е тоа што се проѕирни.
Освен тоа што каросеријата е безбојна, седиштата на автомобилите ќе се ротираат и ќе формираат своевидна канцеларија на тркала што овозможува состаноци во движење.
Компанијата од Калифорнија верува дека луѓето ќе ги користат овие автомобили како канцеларии во движење, да можат да се паркираат на слободните паркинзи или на други локации низ градот, за да може на крајот на работното време да го вратат во гаража за да се наполни.