Во луксузниот трговски центар Yas Mall во Абу Даби се отвори ресторан кој работи малку поинаку од останатите. Станува збор за ресторанот ROGO кој зафаќа површина од 1.300 метри квадратни и каде храната и пијалоците се транспортираат од кујната до гостите преку 30 ролеркостер ленти.
Гостите избираат од менито преку таблети и потоа гледаат како нивните јадења полека пристигнуваат од кујната низ системот на подвижни ленти.
Најголема атракција во ROGO, кој брои вкупно 360 седишта, е гигантската спирала во форма на торнадо која се стеснува кон крајот.
Секоја од порциите се носи во посебни тенџериња, а на целиот процес најмногу се радуваат децата кои со нетрпение чекаат нивното јадење да пристигне на масата.
Освен во Абу Даби, матичната компанија има свои ресторани и во Германија, Кувајт и Сочи во Русија.