Компанијата Glace Luxury Ice, со седиште во Дејвис, Калифорнија ги продава најскапите коцки мраз.
Една кесичка со 50 вакви коцки чини 32.50 долари, а високата цена е поради тоа што производителот гарантира минимално топење при ниски температури.
Тие немаат вкус, па така потрошувачот може максимално да ужива во пијалокот.
Коцките мраз се продаваат заедно со упатства на кој начин можат да се користат.
Идеално тие треба да се остават да стојат неколку секунди во чашата пред да се стави пијалокот. На пример во чаша вино, нивниот “рок на траење” изнесува до 40 минути.
Коцките, кои се изгравирани од 136 килограми прочистен мраз, се продаваат во ќесичка што задржува свежина и која има воздушен вентил на едната страна со цел истите да траат подолго.