Дизајнирана од шведскиот дизајнер Едвард Греј, оваа супер јахта долга 75 метри, дело на компанијата Nedship е спремна да го освои океанот. Луксузното возило е совршен спој на елеганција и функционалност.
Внатрешноста на јахтата е изграденa во арт нуво (југендстил) комплетиран со Steinway пијано, Корнски скалила и Бакарат осветлување, што придонесуваат за нејзиниот Sci-Fi изглед.
Луксузното превозно средство го движи дизел – електричен хибриден систем којшто лесно се одржува.
Гостите можат да се опуштат и да уживаат во погледот од палубата за полетување на хелкоптери, која има две одделни страни и џакузи. Јахтата располага и со голем паркинг простор за авомобили, како и простор за изложби.