Американскиот фонд Bain Capital се откажа од Телеком Словеније?

39

Telekom Slovenije

Приватниот американски инвестициски фонд Bain Capital, неофицијално, се откажал од учеството во приватизацијата на Телеком Словеније, пишува Seebiz.

Пред фондот, се откажа и рускиот МТС.

Претходно Ројтерс јави дека во потесен круг за купување на 73% од уделот во Телеком Словеније се Deutsche Telekom, кој важи за најсериозен кандидат, и уште четири инвестициски фондови – американските Providence и Bain Capital и европските Apax и Cinven.

Словенечката влада очекува конечната понуда да ја надмине берзанската вредност на Телеком Словеније и верува дека може да достигне до 1,5 милијарди евра.