Во општина Штип денес со поддршка од проектот Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС) на USAID ќе биде основан локален економско-социјален совет (ЛЕСС).
Функцијата на советот ќе биде советодавно тело чија одговорност ќе бидат прашања од типот вработувањето на младите и врската помеѓу потребите на пазарот на трудот, што ги дефинираат работодавачите, и вештините кои младите ги имаат развиено во текот на нивното формално образование.
Општина Штип е трета од вкупно шесте општини со кои Мрежата ЈЕС на USAID соработува со цел да се создадат локални економско-социјални совети. Овие совети ќе бидат од огромно значење за отпочнувањето и одржувањето на дијалог меѓу приватниот и јавниот сектор, помеѓу сите засегнати страни во заедницата кои се заинтересирани за локалните економски активности и прашањата поврзани со вработувањето на младите.
Како членовите на ЛЕСС ќе бидат вклучени претставници од општината, претставници од работодавачите, работниците, граѓанскиот сектор, образованието и агенциите за вработување.
Мрежата ЈЕС на USAID ќе придонесе ЛЕСС да ги развие своите капацитети за да се вклучи во продуктивна дебата и консултации. Исто така ќе ги дефинира локално релевантните совети и предлози до Општината во врска со социјалните и економски промени кои треба да се разгледаат и спроведат.