Карловачка пивовара продолжува да работи како Heineken Хрватска

94

branka-2

По преку 10 години успешно работење како дел од компанијата Heineken, Карловачка пивовара продолжува да работи како Heineken Хрватска. Иако официјално престанува да постои под името Карловачка пивовара, промената е повеќе од формален отколку од суштински карактер, а компанијата и понатаму ќе ја следи стратегијата за развој на својот најпрепознатлив бренд, пивото Карловачко, стои во соопштението на Heineken, пренесуваат хрватските медиуми.

“Во текот на годините името на пиварницата во Карловац се менуваше, додека името на Карловачко пиво остана исто. Оваа промена е логичен чекор во работењето на фирмата, но на никаков начин нема да влијае врз вработените или иднината на нашиот најпрепознатлив бренд. Горди сме на нашата пивска традиција во која ќе продолжиме да инвестираме, развивајќи го Карловачко и понатаму”, порача Бранка Славеска, претседател на Управата на Heineken Хрватска.

Компанијата годинава слави 160 години пивска традиција, а Славеска најави дека деновиве подготвуваат погон во кој ќе почне производство на пивото Amstel за хрватскиот пазар.