Како ќе изгледа новиот терминал на најдобриот аеродром на светот?

151

23E61CD100000578-2868183-Construction_got_underway_this_month_on_Singapore_s_726million_J-a-11_1418276093564Најдобриот аеродром во светот Jewel Changi во Сингапур ќе стане уште подобар.

Покрај тоа што ќе бидат реновирани местата за чекирање и трансферот на патници, аеродромот ќе го добие најголемиот внатрешен водопад во светот (40 метри) и огромен внатрешен парк каде ќе бидат засадени локални видови дрвја и растенија.

23E61CE300000578-2868183-Officials_describe_Jewel_as_an_idyllic_valley_of_verdant_landsca-a-13_1418276093606

Проектот Jewel, кој чини повеќе од една милијарда долари моментално се гради веднаш до постоечкиот Терминал 1, кој исто така е под реконструкција, со цел да се модернизира и да го зголеми капацитетот на патници од 17,7 на 24 милиони годишно.

23E75B5700000578-2868183-By_bringing_elements_from_the_outdoors_inside_the_round_shaped_t-a-16_1418276093657

Величенственото здание, чиј дизајнер е светски познатиот архитект Моше Сафди, ќе има пет надземни и пет подземни ката, стаклена и челична фасада.

23E61D0000000578-2868183-The_breathtaking_130_ft_Rain_Vortex_is_expected_to_be_the_world_-a-12_1418276093578

Jewel, кој треба да се отвори во 2018 година, е заеднички проект на Changi Airport Group (CAG) и CapitaMalls Asia.