По повод претстојните Божиќни празници, пиварницата Pang Pang со седиште во Стокхолм произведе пиво кое во себе содржи златни ливчиња.
Пиварницата е позната по тоа што произведува невообичаени пива, а златното Yellow Snow е токму едно од нив.
Пивото е посебно поради тоа што во него се додадени таканаречени златни снегулки. Концентрацијата на алкохол е 7,9% што се совпаѓа со бројот на златото на периодичниот систем.
За да се нагласи моментот на златните ливчиња, лимитираната селекција на пиво е фино преточена во шишиња налик на оние за шампањ.
Поради својата ексклузивност, на пазарот ќе бидат пуштени само 1.900 шишиња Yellow Snow.