Британскиот дизајнер на чевли Оливер Свини ги здружи силите со производителот на познатото шкотско виски Johnnie Walker за заедничка лимитирана серија на елегантни машки чевли.
Новите чевли се во класичен оксвордски стил, со црвени детали кај конците на самиот чевел, врвките и кадифето во внатрешноста. На позадината на чевелот стои заштитниот знак на вискито, легендариот талкач, како и иницијалите JW испишани со црвен конец.
Но, има еден детал кој е навистина неочекуван. Во самиот ѓон се наоѓа малечко шише виски Johnnie Walker. Чевлите доаѓаат во комбинација и со стандардно шише од познатиот жесток пијалок.
Нивната цена е 489 долари, а во продажба ќе бидат пуштени само 130 пара.