Судската постапка што Русија ја покрена поради запирањето на проектот Белене може да доведе до банкрот на бугарската Национална електрична компанија (НЕК), соопшти руската агенција РИА Новости, цитирајќи извор од руската нуклеарна индустрија. Бугарската влада е свесна за можните нпроблеми. Ако НЕК го загуби случајот и не може да го исплати долгот кон руската компанија Росатом, која е подружница на Атомстројекспорт е подготвена во замена за отплата на долгот да стекне средствата на компанијата, наведува изворот пред агенцијата.
Руската компанија соопшти дека бара една милијарда евра за надоместок за запирање на нуклеарната централа Белене.
Претходно ИТАР-ТАСС соопшти дека Русија ги има сите шанси да победи во спорот против Бугарија. Агенцијата, исто така, цитираше руски атомски експерт кој учествувал во преговорите за Белене.
“Ако Бугарија го изгуби спорот, тоа може да го доведе до банкрот НЕК, што е многу веројатно. Руската страна е подготвена да го земе нејзиниот имот“, посочува изворот.