Германскиот производител на автомобили Volkswagen, како што претходно објави на својот профил на Facebook, ја најави корпоративната соработка со познатиот британски пејач Роби Вилијамс, пренесува порталот Autoevolution.
Компанијата и официјално потврди дека Роби Вилијамс е новиот маркетинг директор на Volkswagen.
Најголемиот европски производител на автомобили ја објави оваа информација на посебна прес конференција, каде што беше промовирана кампањата на новата серија модели на автомобили – Club & Lounge. За промоцијата на оваа серија на автомобили е избрано мотото Wie gut klingt das denn? – што значи – Колку добро тоа ви звучи?
Станува збор за девет модели на Volkswagen, меѓу кои се golf, beetle (позната како буба) и tiguan.
“За мене ова е голем предизвик. На овој начин, правам исчекор од она што го работев до сега – поп музиката, кон некоја посоодветна работа“, вели Роби Вилијамс.