Microsoft патентираше “тастатура за очи“

43

tastatura

Додека некои од нас се уште сакаат да пишуваат на тастатурата на паметните мобилни телефони, има и такви кои веруваат дека опцијата Swype е многу побрза алтернатива. Опцијата Swype на корисникот му овозможува со помош на прстот да ги поврзува буквите што ќе ги користи да напише кратка порака.

Но, можеби наједноставен начин за пишување порака може да биде “пишувањето со очи“. Токму тоа е и идејата на технолошкиот гигант Microsoft, што беше неодамна патентирана. Системот ќе има таква можност да ги препознае движењата на очите, по што се испишува посакуваниот збор, пишува Ubergizmo.

Мислењата околку овој патент се поделени, бидејќи за едни ова ќе биде големо олеснување, особено доколку рацете им се постојано зафатени со пишување пораки на мобилниот телефон или таблетот. Но, други сметаат дека овој вид на пишување би можело да биде многу здодевно, па дури и напорно за очите.