Хрватска: Голем пораст на извозот на дрвната индустрија

300

drvna industrija

Хрватската дрвна индустрија 65% од вкупното производство го извезува, а увозната компонента е само 5%, што неколкукратно ја зголемува додадената вредност на овој сектор, стои во соопштението на Здружението на дрвно – преработувачката индустрија на Хрватска, пренесува Пословни дневник.

“Влезот на Хрватска во Европската унија го олесни извозот во тие земји и остварениот извоз за осум месеци од оваа година има вредност од 868 милиони долари и суфицит во трговскиот биланс со странство од 481 милиони долари. Тоа е за 32% поголем износ во однос на истиот период минатата година, кога вредноста на извозот беше 659 милиони долари“, стои во соопштението.

Оттаму велат дека хрватската дрвна индустрија е главен поттикнувач на оддржливиот економски развој базиран на употребата на ресурсите, примена на знаењата и иновациите и е регионален лидер во производството на производи од дрво и мебел со висока додадена вредност.