Аеродромот во Дубаи со најголем промет на патници во 2014

105

aerodrom vo dubai

Британски Heathrow го загуби приматот најпрометен аеродром во светот за меѓународен патнички сообраќај од аеродромот во Дубаи, пишува Гардијан.

Низ интернационалниот аеродром на Дубаи во текот на 2014 година поминале 68,9 милиони патници, со што го надмина британскиот аеродром, што беше водечки во 2013 година. Heathrow  е на второто место во светски рамки со 67,8 милиони патници.

Бројот на патници на аеродромот во Дубаи е во пораст и покрај тоа што 80 дена во употреба беше само една авионска писта, поради реновирање.