Компанијата The sole power tech стои зад дизајн на уред преку кој може да наполни паметен мобилен телефон со одење пеш.
Станува збор за уредот Sole Power In Soles, што лесно може да се смести во патиките и да обезбеди удобност при пешачењето. Полначот ја користи кинетичката енергија и ја транформира во ротирачко движење, кое потоа го придвижува микрогенераторот на електрична енергија.
Енергијата се собира во батеријата што има излез во облик на USB и со тоа може да биде полнач за поголем број уреди.