Традиционалниот процес на рециклирање стара пластика вклучува употреба на голема количина на вода. За да се избегне трошењето на овој ограничен ресурс, компанијата Ak Inovex од Мексико развива нова технологија, на која што не ѝ се потребни огромни количини на органски течности. Технологијата има способност да обработуваат и други пластични материјали, пишува порталот invdes.com.mx.
Оваа технологија, што ја разви Марко Адаме, основач на компанијата Ak Inovex, може да обработи над 90% од било кој вид на пластика, а притоа се намалуваат трошоците за вода. Од друга страна, ќе се намалат и трошоците за производство без да се намали квалитетот на пластичните пелети – производ што се добива од рециклирањето на пластиката.
Предноста од оваа технологија е способноста за обработка на секаков вид на пластика, бидејќи постојат различни механизми за рециклирање. Капацитетот на рециклирање засега е два тони пластични пелети, а планирано е зголемување на 10 тони.