Хрватско – словенечкиот старт-ап бизнис Bella beat ја доби првата порачка, чија пазарна вредност е 6,5 милиони долари, пишува Пословни дневник.
Bella Beat, која има канцеларии во Загреб, Калифорнија и Кина, постигна договор според кој на пролет ќе почне со дистрибуција на 65.000 парчиња од своите производи на големите американски трговски синџири Target и BestBuy. Меѓу паметните уреди што ќе се најдат на американскиот пазар се паметната нараквица Leaf, паметната вага Balance и уредот за следење на состојбата на бебето во мајчината утроба Shell.
Просечната малопродажна цена на овие производи е околу 100 долари.
“Не сакам да бидам претенциозен, бидејќи ми е мило што склучивме договор со нив, но наскоро ќе им се приклучат и други големи имиња, што е резултат на добрата пазарна препознатливост и континуиран прилив на понуди за соработка“, вели коосновачот на Bella Beat, Сандро Мур.
Тој, заедно со словенечката уметница, Уршка Сршен, го креираа овој успешен старт-ап пред година ипол.