Подравка се шири на пазарите во Дубаи, Танзанија и Кина

94

podravka proizvodi

Хрватската компанија Подравка регистрираше фирма во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, а започната е постапка за регистрирање на фирма во Дар ес Салаам во Танзанија и претставништво во Пекинг, со што се создаваат предуслови за работа на овие пазари со голем потенцијал, стои во соопштението на компанијата.

Компанијата го најави планот за дополнително зајакнување на интернационалните пазари и формирање на нови пазарни региони. Во соопштението се наведува дека ваквата реорганизација ќе има за цел поефикасно користење на сопствената големина и знаење, како и пружање на поквалитетна поддршка на пазарите каде што се присутни производите на Подравка.