Фрижидер за облека на LG – освежува, пегла и уништува бактерии

134

lg styler 1

Напредокот на технологијата постојано нè изненадува со новитети, кои се пред сè практични и корисни за употреба. Технолошката компанија LG го претстави својот изум на Меѓународниот саем за електроника CES 2015 во Лас Вегас.

Станува збор за LG Styler, што е своевиден фрижидер за облека, што ја одржува гардеробата без да употребува детергент. Овој изум е наменет за облека што тешко се одржува, односно за костуми, капути и џемпери.

lg styler

Фрижидерот има различни функции за одржување на облеката, па така Odor removal ја користи пареата за да ги отстрани непријатните мириси, а корисниците може да направат избор од две различни ароми. Функцијата Quick refresh  овозможу да се освежи облеката, додека Moving hanger action благо ја протресува облеката што веќе била третирана со пареа. На крајот, функцијата Easy pants crease care ги освежува и пегла панталоните во рок од половина час, пишува Екапија.

LG Styler има вградено и топлотна пумпа, која произведува топол воздух и го одржува на ниска температура, за да може облеката да се заштити од собирање или оштетување при сушење. Овој фрижидер, исто така, ги уништува бактериите благодарени на технологијата True Stream, што го поседуваат голем број машини за перење на LG.

lg styler 2