Британскиот дизајнер Том Диксон дизајнираше необични луксузни асксесоари за домот.
Колекцијата е направена од материјали како бакар, кристали и лиено железо, а се состои од секојдневни предмети кои имаат нов невообичаен дизајн.
Тука се рачно дуваните стаклени вазни Tank, со рачно насликани детали од бакар, кои се наменети за чување на рози или било кое друго цвеќе со поголеми стебленца.
Потоа колекцијата Cube, која е всушност минималистички канцелариски материјал, како блокови хартија, држачи за селотејп, хефталки и пенкала, сите прелиени со бакар.
Исто така, туку е и колекцијата Trove која се состои од кутии за чување разни предмети, а се изработени од лиено железо со префинети мат детали. Овие кутии имаат стаклени капаци што ги прави уште попривлечни.
На крај, тука е серијата Cog која има пенкала во steampunk стил.